Број на текстови објавени денес: 41
Балкан

Баша: „Балканскиот Мадуро“ утре ќе го добие одговорот

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша во обраќањето пред насобранте приврзаници на опозицијата и граѓани пред седиштето на полицијата во Тирана, кои бараат ослободување на притворените на синоќешниот протест, порача дека „деновите на криминалната хунта на Еди Рама се избројани“.

Тој додаде дека опозицијата синоќа одржала мирен протест и оти целта на политичката битка која ја продолжува не е да добие власт, туку Албанците и Албанија да ги ослободи од актуелната кримнална власт, која „утре ќе го добие заслужениот одговор“.

– Сценариото со насилство синоќа со криминалци облечени во униформа во толпата мирни демонстранти беше во служба на Еди Рама – „балканскиот Мадуро“, единствениот човек кој е заинтересиран за насилство и утревечер ќе добие целосен одговор од обединетите Албанци. Апсењето на Долапи (органзациски секретар на демократите) е мафијашка порака за заплашување на Албанците, но одговор ќе добијат утре. Ниту еден од нашите ќерки и синови нема да остане во канџите на заробените институции кои делуваат според политички наредби. Ние ќе ги ослободиме. Часовите на криминалната хунта и на „балканскиот Мадуро“ им се избројани – порача Баша.

Тој соопшти дека и утрешниот петти по ред „национален протест“ ќе се одржи пред Владата и упати апел за поголема масовност.

– Албанскот народ не запира. Битката ќе продолжи секојдневно се посилно на секоја улица, секоја ноќ. Ве повикувам сите да се приклучите кон протестите. Ова е битка не е само квантитативна, туку и квалитативна. Ние сме мнозинство на вредности. Утре во 18,30 часот сите заедно за да ја урнеме хунатата – изјави Баша.

Во меѓувреме, Министертвото за внатрешни работи соопшти дека на синоќешниот протест се повредени 16 полициски службеници и оти поради насилството врз нив во притвор се 50 од приведените 84 граѓани.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

БиХ: Мечка кај Котор Варош нападна човек и му откина стапало и потколеница

saso user

Харадинај и Ахмети потпишаа договор за предизборна коалиција

saso user

Од 2010 од Косово се иселиле 190.000, а се вратиле 60.000 лица

saso user