Број на текстови објавени денес: 43
Урбани вести

СЕ ОДРЖА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕТСКИ СЕМАФОР“

Во организација на општина Охрид, одделението за образование и Општинскиот совет за безбедност, а во соработка со СВР Охрид, денес се одржа воспитно образовната манифестација „Детски семафор“. На манифестацијата учество зедоа учениците од основните училишта во Охрид, кои своите вештини ги презентираа во повеќе дисциплини.

Првото место во машка конкуренција го освои Мартин Димитрески, додека во женска Стефанија Димоска. На победниците во двете категории им беше врачен велосипед како награда.

Организаторите и учесниците ги поздрави претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, кој воедно и ги додели наградите на најдобрите учесници.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПЛОВДИВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user

Остварени значајни средби на Саемот за туризам во Загреб

saso user

Фото – Видео: СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ „ТУРИСТИЧКА“

saso user