Број на текстови објавени денес: 40
Спорт

Скопје со плочка со гравура од Камени мост му се заблагодари на великанот Лечиќ

Градоначалникот Петре Шилегов денеска оствари средба со кошаркарските легенди од поранешна СФРЈ кои престојуваат во Скопје по повод одбележувањето на 80. роденден на кошаркарскиот тренер Лазар Лечиќ. За неговиот исклучителен придонес во креирањето и подемот на македонската модерна кошарка, Шилегов му додели благодарница на Лечиќ – незаменливиот мотиватор на многу кошаркарски генерации.

– Првиот кошаркарски натпревар што го имам одгледано е уште кога „Цибона“ беше „Локомотива“. Вие сте моите идоли, низ години дарувавте радост на многу генерации, а нема поубаво чувство како кога некому ќе подарите среќа. Ви благодарам за честа што му ја укажавте на Скопје и на нашиот Лазар Лечиќ, со вашето присуство. Лазо е спортска легенда, тој е човекот кој ја донесе кошарката во Скопје и создаде генерации врвни кошаркари. Му пожелувам среќен роденден и уште многу убави мигови поминати во вакво пријатно друштво – рече Шилегов.

Лечиќ од Град Скопје доби и плочка со гравура од Камениот мост и се заблагодари за укажаната почит.

На денешната средба што се одржа во просториите на Град Скопје „златните момчиња на југословенската кошарка“ споделија анегдоти за нивните настапи на домашните и меѓународните натпреварувања, зборуваа за значењето на освоените медали и за иднината на овој ултра популарен спорт.

Во чест на великанот Лазар Лечиќ и неговиот 80. роденден денеска ќе се одржи и Академија во организација на Македонскиот олимписки комитет, Македонската кошаркарска федерација, Агенцијата за млади и спорт, КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром. Целта на организаторите е да му оддадат признание на овој спортски великан за се што направил за македонската и за југословенската кошарка.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Валверде по поразот од Билбао: Мораме да се справиме без Меси

saso user

Ѓоковиќ се пласира за третиот круг

saso user

Зверев ја освои првата АТП наслов годинава

saso user