Сцена

Се огласи таткото на Меган Маркл по раѓањето на внукот, и пак ги изненади сите

За проблематичниот однос на Меган Маркл со татко ѝ Томас, нашироко се пишуваше и зборуваше, а тој на нејзината венчавка со принцот Хари лани во мај не се појави, поради операција на срцето. Оттогаш немаат контакт, што тој го потврди во медиумите.

Томас Маркл сега повторни изненади огласувајќи се по повод раѓањето на внукот, кој на свет дојде вчера во Лондон во 5:25 часот, по британско време.

– Воодушевен сум што мајката и бебето се добро. Горд сум што овој мој внук е роден во кралско семејство и сигурен сум дека достоинствено ќе ја носи круната еден ден и ќе му служи на британскиот народ- рекол таткото на Меган Маркл, пренесува Сан, но овде не запрел.

„Господ нека го благослови детето, му поскаувам среќа и здравје, а им честитам на мојата Меган и принцот Хари, да живее кралицата“, додал Томас, што предизвика полемика ширум светот, со оглед на нивниот лош однос.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Старателство“ добитник на Цезар за најдобар филм

saso user

Тинејџерската ѕвезда се самоубила во семејната ќука

saso user

Пресврт во истрагата за нападот врз Смолет, самиот платил за да го претепаат?

saso user