Број на текстови објавени денес: 55
Досие Македонија Топ вести

Г-дин Генерал Георгиески, мирно!, на лево порвнувајсе!

Кога ќе ја добиеш битката, доаѓаш на позиција достапна за секој Голем човек откако ќе стане полнолетен-ГЕНЕРАЛ. Постојат три вида на  генерали: – генерал-заштитник и генерал во напади генерирани генерали после битка!.

Може да има само еден Генерал-заштитник во било која Ваша провинција, место, град. Еден Голем човек може да биде Градоначалник и Генерал-заштитник во само во една и иста провинција, затоа не може да биде назначен за гувернатор и генерал-заштитник во различни поседи, нешто што некој упорно сака да наметне, некој нов стил на живеење. Од друга страна, секој граѓанин, може да биде испратен да води битка во напад од секој друг посед, за разлика од  Градоначаник и Генерал-заштитник, кој има само спектар на делување во својата провинција и ништо повеќе, а може и помалце!
Со добиени битки против противниците во опсег x2 или против независни групи на спротиставени политички граѓани, генералите собираат поени искуство и можат да стекнат специјални генералски вештини, кој по дифолт би требало да ззнаат да направат Стратегија за нивно понатамошно делување во секој сегмент на донесувањето на стратешките одлуки во управувањето.

Доколку во еден посед е назначен Генерал-заштитник, тој треба да ја води војската во одбрана и таа користи бонуси од неговите вештини. Ако таму нема Генерал-заштитник, битката се одвива како секогаш, без генералските бонуси, што би преставувало основен лузерски појдовен бонус на Генерал-заштитник. Доколку генералот изгуби во својата борба за  опсада на тврдина,битка на поле или грабеж, постои 100% шанса тој да биде уништен од непријателот во секое време и од секоја позиција на своите противници. Сите Големи луѓе можат да бидат назначени на оваа позиција, вклучително и оние кои се дворски шутови до Генералот-Заштитник, кој ја користат својата позиција во смислол „Јас сум тој што ќе те одбрани од воената гарда“, оној самозамислиениот мал „генералисимус“, кој од некаква си позиција, сака да се наметне како битен фактор во Генералштабот на Генералот заштитник!?.

Голем човек може да биде и Генерал-заштитник и генерал во напад. Меѓутоа, ако тој е испратен во мисија за напад, а истовремено дојде до непријателска инвазија во провинцијата каде што е назначен на позиција, тој нема да учествува во одбраната и војската нема да користи бонуси од неговите вештини, тогаш тој останува сам препуштен на милоста на малите и нови генерали, кој во победничката борба, биле мешетари и неми посматрачи на целокупниот борбен процес на фронтот.

За жал, историски се покажало и докажало, дека, токму таквите Генерали-борци, користејќи двајца сведоци, добивале најголеми бенефити од Генералот-Заштитник, додека оние прави воини и борци, завршиле како колатерална штета предизвикана од страна на малите сокриени под јорган генералчиња….

Битката продолжува, животот е секојдневна битка, секој нов ден е нова битка, дали Генералот поставен за заштитник ќе умее да го заштити својот народ и неговите интереси, да ги цени вистинските воини или ќе се препушти на Генералска удобност, замаен од околните дворски шутови, на крај, Генералот -Заштиник, не само што ќе ја изгуби војната, туку ќе предизвика и Домино Ефект, кој силно ќе даде одраз на севкупната линија на политичкиот фронт.

Пуковник Сашо ДЕНЕСОВСКИ

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Филип Петровски не се откажува од претседателската трка

saso user

Македонските хематолози го внесоа јавното здравство на светската мапа (ВИДЕО)

saso user

Груби: Сите заедно со Ахмети чекавме да се гласа за одземање на имунитетот на Вељановски

saso user