Број на текстови објавени денес: 48
Сцена

Шерон Стоун позира гола за „Вог“ на 61 година ФОТО

Американската актерка Шерон Стоун на 10 март наполни 61 година и тоа воопшто не ја спречува и понатаму да биде фатална заводничка.

Покрај очигледниот сексапил и провокативните сцени во филмовите, актерскиот талент на Шерон никогаш не бил оспоруван, па за филмот „Казино“ беше номинирана за Златен глобус и Оскар.

Шерон очигледно ништо не може да ја спречи. Годините за неа се само број, бидејќи секоја животна фаза ја обележала со насловни страни на списанија на кои била гола.

Така е и овојпат!

Згодната актерка се појавила на насловната страна за португалското, мајско издание на магазинот „Вог“.

Убавата актерка „им задава домашна работа“ и на многу помладите холивудски дами, бидејќи навистина изгледа неверојатно и во седмата деценија од животот.

Претходно, за „Ванити фер“ холивудската ѕвезда изјавила:

„Во оваа работа сум повеќе од 40 години. Видов сè. Но, по толку работа конечно дојдовме до точката ние жените да не живееме од мислењата на мажите, иако целиот свет им е подреден ним.“

Сега за магазинот „Вог“, Шерон дала интервју кое руши многу табуа.

Ништо нетипично за неа.

 

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Убиен актерот од филмот „Треинспотинг 2“

saso user

Хари Стајлс и Мили Боби Браун „уловени“ како танцуваат на концерт на Аријана Гранде (ВИДЕО)

saso user

Водителката на која автобус ѝ ја откина раката, првпат објави фотографија и упати порака ФОТО

saso user