Број на текстови објавени денес: 1
Мода

Мачка ноншалантно прошетала по модната писта на Кристијан Диор ВИДЕО

Во текот на модната ревија на Кристијан Диор Круз во Маракеш, Мароко, на огромната модна писта се појавил ненајавен гостин.

На пистата сосема неочекувано се појавила мачка која ноншалантно прошетала.

Мачката се појавила во моментот кога сите модели на завршувањето на ревијата излегле на сцената, но симпатичното животно „им го украло шоуто“.

Мачката се движела во спротивната насока од моделите, кои носеле долги елегантни фустани, држејќи се упорно на својата насока и пробивајќи се кон публиката која воодушевено ја снимала оваа глетка.

ФОТО: Скриншот/Јутјуб

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Линија на облека од остатоци од текстил претворени во модерни дизајни (ВИДЕО)

saso user

Три нијанси на кармини со кои оваа пролет играте на сигурно

saso user

Најпопуларните парфеми на сите времиња, избрани од Французинките

saso user