Број на текстови објавени денес: 47
Македонија Урбани вести

КонстантинГеоргиески:Овој празник е симбол на социјалната правда и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права.

Упатувам искрени честитки по повод Меѓународниот ден на трудот-1-ви Мај. Овој празник е симбол на социјалната правда и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права.
Постојано ќе се заложувам за подобрување на статусот на работниците во сите сфери на општественото живеење во Охрид, со јасна желба и цел за повисок животен стандард и достоинствени услови за работа.
Охриѓани се вредни и чесни, а нивните професионални квалитети се препознаени и ценети не само во нашата држава, туку и насекаде во светот. Се надевам дека во иднина Охрид ќе прерасне во туристички, стопански и бизнис центар кој ќе нуди напредни услови за егзистенција и ќе биде посакувано место за живеење на младите генерации.
Само заедно може да постигнеме повеќе!
Заедно Напред За Охрид!

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Новите автобуси на гас ќе возат по скопските улици до крајот на годинава

saso user

Авион „цесна“ исчезна од радарот кај Солунска Глава

saso user

Пендаровски: Силно верувам дека само обединети во различностите, можеме да одиме напред

saso user