Македонија

Извадок на билтен на настани на МВР на РСМ за ден 26.04.2019 година

На 25.04.2019 во 17:20 часот од страна на униформирани полициски службеници  од Полициската станица Неготино и униформирани полициски службеници  од полициската станица за граничен надзор Михајлово, кај с.Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, било забележано патничко моторно возило „Фиат браво“, управувано од И.Е. (20) од нас. Шуто Оризари-Скопје, а во кое се превезувале мигранти. Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината. Во близина на ТЕЦ-Неготино, И.Е. излетал од коловозот. Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници  се приведени. Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 25.04.2019 во 16:30 часот на крстосницата од ул.„Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола-Ниже поле, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.З. (19) од Ресен   и мотоцикл „Дукати Мултистрада“ со холандска национална ознака  управуван од холандскиот државјанин Р.В. (58).Во незгодата возачот на мотоциклот Р.В., се здобил со  тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде  починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 25.04.2019 околу 19:10 часот, било пријавено дека на локалниот пат во село Боговиње, 14-годишно дете управувајќи велосипед удрило во 10-годишно девојче од село Боговиње. Девојчето се здобило со повреди и е пренесено во Клиничка болница-Тетово, а потоа  во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила увидна екипа при Сектор за внатрешни работи Тетово.

На 25.04.2019 околу 18:40 часот во  Полициска Станица-Тетово, 76-годишната С.Б. од Тетово пријавила дека околу 16:30 часот додека со нејзиниот 78-годишниот сопруг М.С. седеле во дворот на куќата дошло непознато лице и им понудило дрва за греење по поволна цена. Откако се договориле за купопродажба, му дале 100 евра капар, а според договореното, лицето требало да ги донесе дрвата, но тоа не го направил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.04.2019 околу 15 часот на влез во с. Рашче-Скопје, додека Ш.Џ. (69) од с.Сарај-Скопје, се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило при што Ш.Џ. починал на местото на настанот. Извршен е увид од страна на Јавен обвинител  и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

На 25.04.2019 во 10:15 часот во Скопје на бул.„К.Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (22) од Скопје , мопед „Вангие“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.К. (38) од Скопје и патничко моторно возило ,,Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.М. (75) од Скопје. По незгодата возачот на мопедот З.К. бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид.

На 25.04.2019 во 20.30 часот В.А(43) од  Скопје пријавил дека на ул. „Никола Парапунов“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Внимавајте има отров по парковите во Аеродром

saso user

Антикорупциска ќе го испитува имотот на Василевски кој купи стан којшто Јанева не го замрзна

saso user

Во Кавадарци падна најголемата лото премија од 500.000 евра

saso user