Мода

Зошто целиот свет е полуден по корејската козметика?!

Корејската козметика е спој на традиција, квалитет и иновации. Нивните производи се мултифункционални, со исклучителен квалитет и далеку под цената на помалку квалитетните сродни производи од западните козметички куќи. Корејската козметика веќе навлегува и на македонскиот пазар на кој се достапни познати корејски брендови за нега на кожата.

И така, зошто целиот свет е полуден по корејската козметика?

Иновации

ББ креми, креми со екстракт од полжав, пчелин и змиски отров, есенции, „sheet“ маски, масла за чистење лице, пудри кои се нанесуваат со сунѓерчиња – „cushion foundation“, се трендови кои ни доаѓаат директно од Јужна Кореја, а потоа се пренесуваат во портфолијата и на големите европски козметички компании. И така погледот на сите љубители на козметиката е свртен кон Јужна Кореја, нестрпливо очекувајќи го секој нов изум.

Нежни формули

Ефективноста на природните билки се пренесува од генерација на генерација и се имплементира и во модерната козметичка индустрија. Традицијата која продолжува и денес, диктира да се избегнуваат јаки хемикалии и штетни супстанци кои би можело да ја иритираат кожата. Во корејската козметика на прво место е поставено здравјето на кожата. Затоа по употреба на нивните козметички производи кожата станува најпрво здрава и чиста, а со тоа и кадифена, мека и сјајна.

Уникатни состојки

Кремите со екстракт од полжав, со серамиди или различни природни масла даваат резултати кои никогаш порано не сте можеле да ги постигнете. Овие состојки, макар веќе познати и во европската козметика, кај корејските производители се поставуваат во многу поголема концентрација, а со тоа и нивниот ефект е побрз и повидлив.

Резултати

Филозофијата на корејската козметика се фокусира на темелното подобрување на состојбата на кожата. Затоа корејската козметика се концентрира првенствено на постигнувањето на чиста и здрава кожа, која е добро хидрирана и нахранета. Тие веруваат дека, доколку се почитуваат сите потребни чекори во грижата за кожата (миење, нега, заштита) нејзината младост може да трае вечно.

Повеќе за корејската козметика може да најдете на страницата на Lea.mk – онлајн страната за убавина од Јужна Кореја.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Најпопуларните парфеми на сите времиња, избрани од Французинките

saso user

„Вог“ одлучи: Ова се најдобро облечените жени во 2019 година ФОТО

saso user

Бразилката Валентина е првата трансродова манекенка во „Викторијас сикрет“ ФОТО

saso user