Број на текстови објавени денес: 64
Здравје

Што треба да знаете за ишијасот – кои се ризични фактори и како се лекува

Мирувањето најчесто се препишува како дел од терапијата. Научниците заклучиле дека е неопходно мирување од најмалку две недели за да се ублажат симптомите на ишијасот, но се сомневаат во самата делотворност на мирувањето, бидејќи симптомите на ишијасот може да повторно да се јават после првиот физички напор.

Покрај мирувањето, лицето треба да оди на физикални терапии. Исто така, се покажало делотворно користењето на топлите и ладните облози, епидуралните инјекции и вежбањето според препораките на физиотерапевтот.

Кои се ризични фактори и симптоми?

Ризични фактори се дегенеративниот артритис на ‘рбетниот столб, болести на лумбалниот диск, испаѓање на дискот од лежиштето, различни трауми и повреди на ‘рбетниот столб.

Ишијасот предизвикува болка, пецкање и вкочанетост. Овие симптоми се јавуваат на долниот дел од грбот и често се протегаат кон задникот и нозете. Резултат на тоа е болка во подрачјето на задникот, колковите и нозете. Понекогаш болката се шири околу колкот или задникот, предизвикувајќи чувство на болка во целиот долен дел на телото.

Тешките симптоми на ишијасот може да го отежнат одењето, а понекогаш и секое движење. Понекогаш симптомите се влошуваат за време на пешачење или свиткувањето во половината, а се намалуваат во лежечката положба. Болките се присутни во текот на секоја промена на положбата на телото.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Не ги игнорирајте: Симптоми кои укажуваат на рак на дебелото црево

saso user

Неочекувани симптоми кои укажуваат на Алцхајмерова болест, губењето на помнењето не е единствениот

saso user

Колку дена по ред треба да мерите притисок за да се дијагностицира хипертензија?

saso user