Број на текстови објавени денес: 64
Свет

Шри Ланка: Самоубиствените напади изведени со помош на меѓународни мрежи

Самоубиствените напади на црквите и хотелите во Шри Ланка во кои загинаа 290 лица, а беа повредени околу 500, се изведени со помош на меѓународни мрежи, соопштија денеска властите.

Владата за виновна ја посочува џихадистичката група Нешенал Тохид Џамат, иако се уште никој не ја презеде одговорноста за нападите, јави Би-Би-Си.

– Имаше меѓународна мрежа без која овие напади не би успеале – изјави портпаролот на Владата, Раџит Сенаратна.

Во соопштението од Владата се наведува дека претседателот Маитрипала Сирисена ќе бара меѓународна помош за пронаоѓање меѓународни врски со напаѓачите.

– Во разузнавачките извештаи се укажува дека странски терористички организации стојат зад локалните терористи – се наведува во соопштението од канцеларијата на претседателот и се додава дека тој затоа ќе побара помош од странски држави.

Властите на Шри Ланка воведоа вонредна состојба, која ќе стапи во сила денеска на полноќ.

Воведени се посебни мерки „за да им се овозможи на полицијата и на трите активни сили во земјата да ја осигураат јавната безбедност”, се вели во соопштението, кое се однесува на пешадијата, морнарицата и воздухопловните сили.

Повеќе од 1.000 војници се распоредени за да се грижат за безбедноста во Коломбо, трговска престолнина и најголемиот град на  Шри Ланка.

Вонредната состојба е воведена и поради откриените 87 детонатори за бомби на територијата на главната автобуска станица во Коломбо.

Шри Ланка со децении, се до 2009 година, војуваше со талибанските сепаратисти. Бомбашките напади во главниот град за време на тој период беа чести. Локалните христијански групи истакнуваат дека во последниве години тие се соочуваат со повеќе заплашување од некои екстремни будистички монаси.

Од вкупно 22 милиони жители на Шри Ланка, околу 70 отсто се од будистичка, 12,6 од хиндуистичка, 9,7 од муслиманска и 7,6 отсто од христијанска вероисповест. Во последниот извештај на Стејт департментот за човековите права на Шри Ланка се наведува дека некои христијански групи и цркви информирале за притисок да ги завршат молитвените средби откако властите ги оквалификувале како „неодобрени собири“. Во извештајот се посочува дека будистичките монаси редовно се обидуваат да ги затворат светите места за христијаните и муслиманите.

FOTO; EPA-3-M.A.-PUSHPA-KUMARA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Холандскиот Парламент изгласа враќање на визите со Албанија

saso user

Над 300 загинати во поплавите во Азија

saso user

Две лица загинаа во нова авионска несреќа на Алјаска

saso user