Свет

Убиецот на бугарската новинарка Маринова осуден на 30 години затвор

Бугарски суд денeска го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор, поради силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова.

Телото на Маринова беше пронајдено на 6 октомври минатата година во реката Дунав во градот Русе во северна Бугарија.

Обвинетиот, 21-годишниот Красимиров, денеска се појави во судница под силни безбедносни мерки и со лисици на рацете, каде што се изјасни за виновен и побара што побрзо да му биде изречена пресудата.

Истражителите заклучија дека Красимиров сам го извршил злосторството.

Тој беше уапсен во Германија, каде побегнал, а беше испорачан на Бугарија една недела по извршеното убиство.

Со тоа што се изјасни за виновен, Красимиров избегна доживотен затвор.  Тој има можност во рок од 15 дена да поднесе жалба на пресудата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Околу 170 милиони деца во светот немаат примено прва вакцина против сипаници

saso user

Специјалениот претставник за Украина на САД даде оставка

saso user

Спасени четворица од скијачите затрупани од лавина на швајцарските Алпи

saso user