Број на текстови објавени денес: 7
Македонија Топ вести

Таткото и детето биле убиени од блиску

Истрелани биле повеќе куршуми од близина во возилото каде вчера беа пронајдени телата на таткото и детето во атарот на селото Слупчане, ќе се врши обдукција, ќе се вештачат подигнатите траги од местото и возилото, соопшти денеска Обвинителството кое извршило увид.

– Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на селото Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило во кое биле истрелани повеќе куршуми. На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место – се наведува во соопштението на обвинителството.

По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место кои ќе се вештачат.

– Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и наредба за вршење обдукција на телата на починатите – стои во соопштението на обвинителството.

Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија, со цел целосно расчистување на настанот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Оглас на Фејсбук го насмеа целиот Балкан

saso user

Ова се најголемите закани за опстанокот на човештвото

ohrid_user

Џафери во Црна Гора ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот за НАТО

saso user