Број на текстови објавени денес: 64
Досие Македонија

СЕ СЛУЧИ НАРОД, СЕ СЛУЧИ РЕВОЛТ,ЗАЕВ МНОГУ НЕШТА ТРЕБА ДА МЕНУВА ВО СВОЈАТА КОАЛИЦИЈА

Резултатите од претседателските и предвремените локални избори во Охрид ,а и во Македонија,даваат силна порака до партиите на власт.

Според ДИК ,кандидатите за градоначалник на Охрид ,ги имаат следните резултатит:

1.1.003 гласале за кандидатот Стевче Стевоски

2.655 гласале за кандидатот од ГДУ Михаил Трендафилов Нанче

3.Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски се изјасниле 10.614 односно 37.75%

4.Кандидатот од движењето „Беса“ Џемал Мена гласале 553

5.Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески добил 13.037 гласа односно 46.37% од гласовите.

6.Неважечки гласачки ливчиња биле 1256.

Изненадува фактот ,дека кај кандидатите за Претседател на РСМ , води Гордана Силјаноска дафкова,но и други битни елементи.

-ВМРО ДПМНЕ не постигнал никогаш послаб историски изборен минимум на гласови за кандидат за градоначалник, поточно 10,614 гласови ,кој ги освои нивниот кандидат Митре Милошевски , преставуваат најсрамен пораз во историјатот на локални избори на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

-СДСМ ,од друга страна и нивниот кандидат Константин Георгиески со освоените 13.037 гласови ,мож да се каже дека убедливо го поразил против кандидатот Милошевски , но и тоа е далеку од фактичкиот минимум кој можеше ,а и требаше да го освои СДСМ и Константин Георгиевски.

И СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат стандардно историски гласачко тело ,кое е некаде над 11.000 гласачи, што всушност и ВМРО ДПМНЕ го доби во гласањето за претседател на РСМ,а од друга страна бележиме пат на гласањето за претседател на кандидатот на СДСМ Пендаровски во Охрид?! Заколучок , или народот му е преку глава ,прајќа силна порака до власта дека мора да менуваат многу нешта ,секако кадровски , но и дали непотизмот и анархијата на поедини челници на СДСМ со потекло од Охрид ,на лрај цената ја плати и Георгиески ,но богами премногу Пендароски??!!

Крајно , и двете партии ја платија цената на елитизмот , непотизмот ,сиромаштијата на прогресивниот данок,како и на персоналниот данок.Заев ќе мора да менува многу нешта ,сега и одма , но и да си ги испита пајтон партиите во неговата коалиција ,кои завзедоа високи позиции во државните институции ,а докажано на терен не вредат ниту 10 гласа.

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

За пациентите со ретки болести годинава над 6 милиони евра

saso user

Македонија секогаш може да смета на гласовите на земјите од Вишеградската група

saso user

Најразочарувачки е односот на ЕУ кон Северна Македонија, смета Карнеги

saso user