Број на текстови објавени денес: 82
Бизнис

Производите на малите компании стигаат само до регионот

Низа бариери, неможност да се исполнат меѓународните стандарди, но и малиот капацитет ги спречува малите и средни компании да извезуваат. Оваа го покажало искуството од работењето на Европската мрежа на можности (Enterprise Europe Network) која ги нуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија за европските пазари.

– Малите и средни компании имаат ограничени ресурси и треба да се подобра технички и технолошки за да бидат конкурентни за извоз. Ние како мрежа за деловна соработка не можеме да им го подобриме капацитетот, ама можеме да им најдеме партнери во странство – изјави Виктор Стојановски од Enterprise Europe Network на денешната прес-конференција во Стопанската комора.

Според него, само 5 отсто од компаниите, главно, големите извезуваат на европскиот пазар, другите усопеваат да извезат или само бараат соработка со компании во регионот.

– Главно бараат соработка во Србија, Грција во опкружувањето и Германија – вели тој.

Состојбата може да се промени, велат од Европската мрежа за бизнис можности, ако компаниите инвестираат во технолошкиот развој преку трансфер на технологија и научно-истражувачки проекти.

Мрежата може да им помогне во изборот на деловните парнтери, но и да им изготви деловен профил креку кој можат да ги нудат своите производ надвор од земјава.

Преку базата за деловна соработка компаниите можат да пронајдат бизнис партнер според потреби и секторска припадност, во преку 50 држави на Европската Унија. Исто така, оваа база содржи и податоци за странски претпријатија кои бараат соработка со македонски претпријатија, при што базата автоматски ги поврзува можните бизнис партнери.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лукаревска: Сакаме да градиме партнерски односи со даночните обврзници

saso user

Нов ценовен шок горивата и бензините поскапуваат од 2,5 до три денари, дизелот 1,5 денар

saso user

Штрајк го прекина производството во најголемата фабрика на Нутела

saso user