Број на текстови објавени денес: 80
Македонија Топ вести

Продлабочена соработката меѓу националните единици за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Србија и Република Сверена Македонија

На 18 и 19 април 2019 година, во Скопје се одржаа преговори помеѓу преговарачките тимови на Националните комисии за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија и Република Србија со цел  усогласување на текстот на Договорот за соработка во областа на борбата против криумчарење мигранти  помеѓу двете држави.

На почетокот воведно обраќање имаа м-р Магдалена Несторовска, државен секретар при Министерството за внатрешни работи и национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Митар Ѓурашковиќ, национален координатор на Комисијата за борба против трговија со луѓе на РС.

Преговорите беа водени од страна на шефовите на делегации на двете држави, Гордана Смаќоска, јавен обвинител за организиран криминал на Република Северна Македонија и Гордана Јанаќиевиќ заменик републички јавен обвинител на Република Србија

Експертскиот состанок беше одржан во пријателска и конструктивна атмосфера и двете страни се согласија дека склучувањето на ваков тип на договор ќе придонесе за зајакнување на соработката помеѓу двете држави, а особено помеѓу Националните единици за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

Преговорите успешно завршија и резултираа со постигнување на усогласен текст на договорот кој ќе биде потпишан од страна на Владите на двете држави.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

МВР: Мирен изборен ден

saso user

Во Охрид за градоначалник води СДСМ, во Ново Село ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

saso user

Коста Костадинов немал купено стан во облакодерите на „Џеваир“

saso user