Број на текстови објавени денес: 64
Бизнис

Парите од „Нисан“ оделе во приватен фонд, Карлос Госн пред ново обвинение

Против поранешниот претседател на „Нисан“ Карлос Госн се подготвува ново обвинение за злоупотреба на доверба, јавија денеска јапонските медиуми.

Обвиненијата се однесуваат на плаќање од страна на подружница на јапонскиот производител на автомобили кое наводно легнало на сметка на приватна инвестициска компанија под контрола на Госн.

Тој прво беше уапсен во ноември, но откако плати кауција од девет милиони долари беше пуштен од притвор.

Госн (65) во април беше повторно притворен, и се изјасни за невин за кривичните дела за кои се терети во обвинението.

Според претходните три обвиненија, Карлос Госн меѓу другото се терети за фалсификување финансиски извештаи и злоупотреба на положба за стекнување лична корист.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Фејсбук“ го реши проблемот со споделување медиа-фајлови

saso user

Самка Ибраимоски ќе бара Владата да ги избриша долговите на граѓаните постари од 10 години

saso user

БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ со голема помош на дванаесетчлено семејство Мирчески од Русиново,кое во пожар го изгуби својот дом.

saso user