Број на текстови објавени денес: 64
Урбани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

По повод 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право утре во 12 часот во охридската библиотека ќе се одржи пригодна свеченост со богата и интересна програма.

Најпрво пред присутните ќе бидат прочитани пораките на Одре Азуле, генералниот директор на УНЕСКО а потоа и македонската порака која годинава ја напиша познатиот режисер, писател и фотограф Милчо Манчевски.

Ќе следи презентација на вработените од Одделот за издавање и позајмување на книги при библиотеката под наслов: Што најмногу читаат охриѓани,а ќе биде објавена и топ листата на најбараните и начитани домашни и светски автори и дела.

Утре во чест на празникот пригодни награди во книги и благодарници ќе добијат најредовните тројца читатели во одделот за возрасни , како и авторите на трите најдобри стихови       од манифестацијата: „Напиши стих – купи кафе“ која библиотеката годинава по втор пат ја организираше во соработка со култната кафетерија „Аквариус“ и ФОН универзитетот.

Настанот ќе биде искористен библиотеката да донира книги на 10 библиотеки кои се во рамките на основните училишта во Охрид и Дебрца а се добиени по пат на годинашната акција: „Подари – размени книга“ спроведена во соработка со студентите од факултетот за странски јазици од ФОН.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЗАПОЧНА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „СЛОВЕНИЈА ВО ОХРИД“

saso user

Експресно изгаснат пожарот регионалната депонија во м.в. Букаво

saso user

УЧЕНИЦИ ОД ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ ВО БРОЛО – ИТАЛИЈА

saso user