Број на текстови објавени денес: 64
Спорт

Кутињо на лето може да оди во Челзи

Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, може да се пресели од „Камп ноу“ во Челзи во текот на летото, објави Калчомеркато. 26-годишниот бразилски фудбалер има договор со каталонскиот клуб со важност до 30 јуни 2023 година.

Според извештаите на медиумите, раководството на Челзи го гледа Кутињо како замена за Еден Азар, кој може да оди во Реал Мадрид во летниот трансфер прозорец.

На порталот „transfermarkt.de“ вредноста на Кутињо се проценува на 100 милиони евра.

Во тековната сезона, Кутињо настапи на 48 натпревари за Барселона, постигна 11 гола и оствари пет асистенции.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Голема победа врз Исланд на нашите ракометари

saso user

На Олимписките игри можно е воведување нов спорт – брејкденс

saso user

Квитова се повлече од „Ролан Гарос“

saso user