Број на текстови објавени денес: 64
Бизнис

Крај за банкнотата од 500 евра: Нема да се печати, ама ќе се користи

Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија до петок (26. Април) ќе ја издаваат банкнота од 500 евра, со што ќе престане издавањето на оваа банконота. Претходно во јануари годинава, 17 централни банки во еврозоната го запреа издавањето на оваа банкнота по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ).

Германската и австриската банка беа избрани да продолжат со печатење на банкнотата поради непречена транзиција и од логистички причини.

Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.

Банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната.

Европската централна банка одлучи да го запре издавањето на банконотата откако утврди дека поради вредноста и лесниот транспорт се користи за перење на пари, но  и за финанисрање на тероризам.

Лани над 30 отсто од 1.000 милијарди евра готовина во оптек биле во апоени од 500 евра.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лани регистрирани 955 дивоградби

saso user

Владата ќе им купи на вработените 200 таблети

saso user

Ставени потписите за укинување на роамингот во Западен Балкан

saso user