Број на текстови објавени денес: 67
Македонија Топ вести

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера имаа најслаби резултати во последните пет години

Со разлика од само 4.606 гласови во корист на Стево Пендаровски наспроти Гордана Силјановска Давкова заврши првиот круг од претседателските избори.

Двата штаба тргнуваат кон вториот круг самоуверено. СДСМ и коалицијата, барем пред јавноста, уверуваат во уште поубедлива победа на 5 мај, а ВМРО-ДПМНЕ е убеденa дека ќе направи пресврт кој ќе биде само вовед на враќањето на извршната власт во нивни раце.

Меѓутоа, бројките покажуваат дека и двата таборa изгубија гласови во споредба со последните локални, парламентарни и претседателски избори. Анализата покажува дека вчерашните избори се со најслаб резултат и за двете партии.

Споредени поединечно по години, СДСМ има огромни загуби ако се земат предвид изборите во 2017, додека ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја претрпела истата штета, но во споредба со нејзиниот резултат од 2014.

Според обработени 99,96 отсто од гласовите, Пендаровски вчера освои 323.846 гласови, а Силјановска 319.240.

Гласовите на кандидатот кој го поддржаа социјалдемократите во споредба со оние кои партијата ги освои на локалните избори во 2017 година – 415.726, покажува дека СДСМ вчера освои околу 92.000 гласови помалку.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, на тие избори освои 335.054 гласови, што значи дека вчера имала околу 16.000 помалку.

Ако се направи споредба со парламентарните избори во 2016-та очигледно е дека огромни се загубите и на двете партии. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ имаше 454.577 и тоа во споредба со вчера покажува минус од околу 135.000 гласови. СДСМ, пак, тогаш собра 436.981 односно вчера имаше 118.000 помалку во споредба со 2016.

Кога ќе се направи анализа на првиот круг од претседателските избори во 2014, кога кандидати беа Ѓорге Иванов и Стево Пендаровски, се забележува дека огромна загуба во овој случај пак, има ВМРО-ДПМЕ.

Тогаш Иванов освои 448.303 гласови, а Гордана Силјановска Давкова сега освои околу 130.000 гласови помалку. Стево Пендаровски, пак, пред пет години имал 326.069 гласови, а вчера имаше околу 2.200 помалку.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев на мал одмор

saso user

Почна средбата Заев – Ахмети во Клубот на пратниците

saso user

Вработени во Град Скопје малеле граѓани дека им плаќаат данок и „заработиле“ 55.000 евра

saso user