Спорт

Зидан: Погба е разновиден фудбалер

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го посакува во својот тим играчот од средниот ред на Манчестер jунајтед, Пол Погбa.

Како што објави Марка, Манчестер е подготвен да го продаде 26-годишниот Французин за 130 милиони евра.

– Навистина ми се допаѓа Погба. Тој е разновиден играч, знае како да нападне и како да се брани – изјави Зидан.

На фудбалскиот пазар, Погба се проценува на 90 милиони евра. Тој има важечки договор си Јунајтед до 30 јуни 2021 година.

Во тековната сезона, Погба настапи на 43 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 16 гола и забележа 11 асистенции.

ФОТО: EPA / FERNANDO ALVARADO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бартомеу потврди дека Меси може да замине како слободен играч по завршувањето на сезоната

saso user

Блат откри дека боледува од мултиплекс склероза

saso user

Френк Лампард се врати во Челзи како менаџер

saso user