Број на текстови објавени денес: 66
Здравје

Запекот не е наивна состојба, може да доведе до сериозни болести

Запекот или опстипацијата не е проследена само со непријатната подуеност на стомакот, туку како последица на нередовното празнење на цревата се јавуваат многубројни нарушувања на здравјето.

Честите опстипации можат да бидат причина за појава на хемороиди, главоболка, непријатен здив, проблеми со кожата, како и замор и општа малаксаност.

Дополнителен проблем кој се јавува поради нередовно и отежнато празнење на цревата е интоксикацијата на целиот организам. Бидејќи, поради нарушената цревна флора се ослободуваат гасови кои потекуваат и кои, кога се таложат во цревата по пат на циркулацијата одат до сите други ткива и органи.

Денес од запек страда секој шести жител на планетата, додека овој проблем е почест кај жените.

Причините за опстипација можат да бидат многубројни, додека како најчести се издвојуваат брзата храна, недоволниот внес на овошје и зеленчук, газирани сокови, алкохол, силни зачини, кафе и цигари, премногу обилни и нередовни оброци, јадење „од нога“ без доволно џвакање, недостиг на течноси, долготрајно седење, недостаток на физичка активнст како и напнатост и стрес.

Кај постарите од 65 години најдоминантна причина за појава на отежнато празнење се дегенеративните промени кои го погодуваат дебелото црево, поради кои тоа сè послабо реагира на иритациите, дразнењата и не се празни во целост и во правилни временски периоди.

Освен наведените причини, опстипацијата може да биде последица на некои гастроентеролошки заболувања, како што е честа и кај оние кои страдаат од нарушување на работењето на тироидната жлезда.

Зачестената терапија со аналгетици и антибиотици, како и долготрајната употреба на антидепресиви исто така придонесува за нарушениот и нередовниот ритам на празнењата на цревата.

За општи мерки на превенција на запекот лекарите советуваат редовни оброци богати со диетални влакна, повеќе вода и билни чаеви, физичка активност и неодложување на потребата за одење во тоалет.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Што треба да знаете за ишијасот – кои се ризични фактори и како се лекува

saso user

Колку пошарено, толку подобро

saso user

Кафето може да го забави или дури и да го спречи ракoт на простата, покажаа новите истражувања

saso user