Број на текстови објавени денес: 0
Балкан

Во Црна Гора приведени 26 лица блиски на „кавачкиот“ криминален клан

Црногорската полиција приведе на информативен разговор 26 лица блиски на „кавачкиот“ клан, со цел да провери каде се наоѓале за време на убиството на Веселин Вукотиќ, татко на водачите на криминалниот „шкаљарски“ клан, Јован и Игор Вукотиќ.

Полицијата на местото на инцидентот пронашла шест чаури. Постои сомнеж дека во нападот бил употребен полуавтоматски пиштол. Фактот дека убиецот не оставил речиси ниту една трага, ја отежнува полициската истрага.

Истражните органи се сомневаат дека за таа ликвидација е одговорен „кавачкиот“ клан, кој е во конфликт со синовите на убиениот 69-годишен Вукотиќ.

Дополнително е зајакнато обезбедувањето на двата клана, бидејќи се стравува дека ова убиство ќе предизвика нови крвави пресметки во Котор и другите градови ширум регионот и Европа.

Како што соопшти црногорската полиција, Вукотиќ бил застрелан со повеќе куршуми пред неговата куќа, од страна на засега неидентификувано лице, кое побегнало во непознат правец.

Ранетиот Вукотиќ веднаш бил пренесен в болница, каде набрзо им подлегнал на повредите.

„Шкаљарскиот“, заедно со „кавачкиот“, се два криминални клана од Котор, што последниве години водат меѓусебна војна, при која досега се убиени над 30 лица. Двата клана во минатото беа дел од една криминална група, но откако кон крајот на 2014 година во шпанскиот град Валенсија исчезнаа околу 300 килограми кокаин што и припаѓаа на групата, таа се подели на „шкаљарци“ и „кавачанци“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Царина на Косово: За три месеци – 120 милиони евра помал увоз од Србија и Босна

saso user

Првпат право на глас во Грција имаат и 17-годишниците

saso user

Нема бомба во Белград, станувало збор за лажна дојава

saso user