Балкан

„Блиц“ тврди дека Вучиќ бил болен

Српскиот претседател Александар Вучиќ поради болест не присуствува на денешните собири со кои се одбележува 20-годишнината од бомбардирањето на авионите на НАТО на зградата на Радио Телевизија Србија (РТС), тврди „Блиц“.

Весникот наведува дека поради болеста Вучиќ ги откажал сите планирани активности за денеска и за утре.

Кабинетот на Вучиќ не ги коментираше ваквите тврдења, само соопшти дека во негово име на собирите ќе се обрати српската премиерка Ана Брнабиќ.

Српските медиуми посочуваат дека Вучиќ досега и кога бил болен редовно ги извршувал своите обврски, оценувајќи дека овој пат веројатно „работата е сериозна“.

Дел од медиумите посочуваат дека Вучиќ изгледал „прилично исцрпено“ на митингот на неговите приврзаници одржан во петокот во Белград, посочувајќи дека наликувало оти „едвај го издржал говорот и гласот повремено му се губел “

Инаку, зградата на РТС беше бомбардирана на 23 април 1999 година во 2.06 часот, при што загинаа 16 новинари и вработени во телевизијата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бугарскиот претседател стави вето за купување американски борбени авиони

saso user

Затворени четири приштински болници поради нелегална трговија со човечки органи

saso user

Јагода или блади мери, нова дрога стопати појака од марихуаната во Србија

saso user