Број на текстови објавени денес: 33
Здравје

Што не смеете да јадете на празен стомак – банана, јогурт…

Правилниот избор на производи кои секојдневно ги внесуваме е од големо значење за нашето здравје. Она што е од исклучителна важност е начинот и времето кога внесуваме одредени производи, па со самото тоа поедини производи се советува да не се консумираат на празен стомак иако се суштински корисни за нашиот организам. Едноставно, нашиот желудник реагира поинаку кога е полн или празен, па треба да поведеме сметка за тоа.

На празен стомак особено треба да се избегнуваат алкохолни пијалаци. Алкохолот патува директно во крвотокот, се шири низ целото тело и предизвикува ширење на крвните садови што резултира со привремено чувство на топлина, побавен пулс и понизок крвен притисок.

Ако стомакот е полн, се намалува апсорпцијата на алкохол и неговото ширење по виталните органи, и така се намалува штетата која ја предизвикува алкохолот.

Една од најчестите грешки која многумина ја прават е утринското пиење на кафе на празен желудник. На тој начин желудникот ја зголемува киселоста, што понатаму предизвикува пречки во варењето и киселини во текот на денот. Најдобро е претходно да се обложи слузницата на желудникот, па добра препорака е половина час пред кафето да се напиете лимонада со малку мед.

Соковите, дури и оние свежо исцедените, го намалуваат нивото на гликоза во крвта, што и натаму ја зголемува гладта, па треба да се избегнуваат. Консумирањето на газирани пијалаци на празен стомак го намалува снабдувањето на крв во стомакот и можат да ја оштетат слузокожата. Генерално, треба да се избегнуваат во текот на целиот ден.

Јогуртот е уште еден производ кој треба да се избегнува да се консумира на празен стомак. Имено, високата киселост на празен стомак ги намалува сите предности на бактериите на млечната киселина кои се наоѓаат во јогуртот.

Зачинета храна на празен стомак може да го поттикне производството на желудочната киселина и да ја оштети слузокожата на желудникот.
Според мислењето на многу експерти, не е секое овошје и зеленчук добро за појадок.

Иако е бананата многу здрава, ни дава енергија и ја поттикнува работата на дигестивните органи, таа содржи големи количини калиум и магнезиум што доведува до нерамнотежа на овие материи во крвта.

Цитрусното овошје може да предизвика проблеми кај лицата кои страдаат од воспаление на хранопроводникот, па ова овошје треба да го избегнуваат. Секако треба да го избегнувате секое овошје кое предизвикува ждригање на празен желудник.

Доматот, исто така, е многу здрав и полн со хранливи материи, но содржи високо ниво на танинска киселина која ја зголемува киселоста во желудникот и доколку ви е желудникот празен, може да предизвика киселини.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Познат руски кардиохирург тврди: Појадокот е зло, дајте му го на непријателот

saso user

Храна за активирање на мозочните вијуги

saso user

Еректилната дисфункција може да сигнализира сериозна болест!

ohrid_user