Број на текстови објавени денес: 43
Македонија Топ вести Урбани вести

Охрид се збогува од својата легенда Музафер Рашид – Мизо

Денес Охрид тагува, замина уште една урбана легенда која остави зад себе печат, замина од овој свет Музафер Рашид- Мизо.

Мизо или како сите го нарекувавме Баба беше едноставен лик кој во изминатите 60 години остави трага како охридска легенда, но и македонска легенда, а позната легенда и во поранешните Ју простори.

Денес тагува Охрид, тагува Ју естрадата тагува македонскиот туризам. Во својата богата биографија Баба Мизо уште во времето на поранешните Ју простори во својата младост успеа да го засени и легендарниот Џаро, па така со Здравко Чолиќ постанаа најдобри другари и кумови. Мизо во својта богата кариера во последните 20 години ја изгради легендарната туристчка населба, Градска плажа Мизо, дело на кое му остана посветен до крајот на својот живот. Што и да се каже за Мизо ќе биде премалку.

Почивај во мир, добри човеку, нека твојот Алах те пречека во неговите прегратки како добар и праведен човек, голем другар и пријател.

Нека ти е вечна слава драг мој пријателу, секогаш ќе останеш во нашите срца.

Сашо Денесовски – Охридскај

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

УБИСТВО ВО СЕЛО ПОЛУМ СТРУГА

saso user

Астматичарите остануваат жедни за спрејови, бараат Фондот терапијата да ја стави вон квота

saso user

Во Франција од грип починаа над илјада луѓе

ohrid_user