Свет

Безбедносните зафати на Нотр Дам ќе траат 48 часа

Работните зафати за обезбедување на црквата Нотр Дам во Париз, која беше делумно уништена во пожарот, ќе траат околу 48 часа, изјави денеска францускиот државен секретар за внатрешни работи Лоран Нунез, нагласувајќи дека спасувањето на катедралата се одиграло во рок од 15-30 минути.

– Главна грижа… е безбедноста и сигурноста на објектот – изјави Нунез на прес-конференција пред Нотр Дам.

Како што јави дописникот на МИА, пожарот избувна вчера во доцните попладневни часови, уништувајќи добар дел од катедралата, која е светско наследство на УНЕСКО.

– Изведбите за обезбедување во внатрешноста на Богородичната црква од Париз ќе трае околу 48 часа, по што ќе им биде дозволено на пожарникари и на претставници на Министерството за култура да влезат во објектот и да ги земат делата што не се оштетени – изјави Нунез.

Тој ги пофали дваесет пожарникари кои „ризикувајќи ги своите животи”, влегле во кулите на Нотр Дам, со што „помогнале да се спаси зградата“.

– Од изутринава знаеме дека се се одигра за четвртина или половина час – рече Нунез.

ФОТО: EPA / IAN LANGSDON

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени

saso user

На девојка од Норвешка ѝ го скршил носот во Сплит за да влезе пред неа во такси

saso user

Русија забранува влез за странци од 18 март до 1 април

saso user