Број на текстови објавени денес: 37
Мода

Life is a Rodeo, во продажба е новата колекција на DIAS најавена со моќна фотосесија

Македонскиот бренд за кожени чевли, чанти и модни додатоци DIAS повторно ни донесе пријатно изненадување и расположение за шопинг со новата колекција дизајнирана за мажи со истенчен вкус.

Овојпат слоганот е Life is a Rodeo со кој е претставена софистицираната колекција преку нетипична, моќна и луксузна фотосесија.

Ја прашуваме Драгана Ангелоски, една од сопствениците и креативен директор на DIAS, што се крие зад слоганот Life is a Rodeo.

– Life is a Rodeo е насловот кој совршено го опишува custom made концептот на DIAS. Чевлите кои ги носите мора да бидат забележени, да остават ваш личен печат и совршено да ви прилегаат, во спротивно тие се само еден дел од гардеробата која ја носите – вели Ангелоски.

Креативната директорка на DIAS објаснува и која е главната порака што DIAS ја испраќа до купувачите преку оваа фотосесија:

– Животот е полн со предизвици, а сите ние мора да научиме како храбро да чекориме низ истите. Луѓето прво што забележуваат кај секој човек се чевлите, токму затоа чевлите кои секој од нас ги носи, потребно е да се дел од нашиот дух, карактер и животен стил.

Кога секој учествува во дизајнирањето на чевлите, тогаш пренесува дел од својата енергија, дел од себе, додава Ангелоски.

Инаку, во краток период од двегодишно присуство на пазарот, модната марка DIAS стана препознатлива по високиот квалитет и врвниот, модерен дизајн.

Модните парчиња од новата колекција се достапни во продажба во продавницата DIAS, која се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Васил Главинов 1/1-7, тел. 070 567 539.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Гучи“ ја воведува вештачката интелигенција во модата

saso user

За модерни мажи: Предлози на совршени чевли за Вашата свадба (ГАЛЕРИЈА)

saso user

Наркобосот како моден бренд: Сопругата на Ел Чапо покренува модна линија

saso user