Број на текстови објавени денес: 111
Македонија Топ вести

Јанакиески не смее да комуницира со Груевски, Ристовски и Вељаноски

За случајот „27 април“, имам куќен притвор и забрана за комуникација со инволвирани лица во настанот, да праќам маилови и да комуницирам на мобилен.

Ова го кажа поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во судница на рочиште за предметот „Титаник“, откако судијата го праша какви мерки има и за кои случаи. За овој предмет денеска се одложи рочиштето поради смртен случај на еден од судиите.

Бидејќи има активни мерки за „27 април“, на ексминистерот му се укинати мерките во случајот со изборните измами, каде исто така имаше куќен притвор и забрана за комуникација.

Мерката која е активна за него во врска со настаните од „крвавиот четврток“, значи дека тој не може да контактира со останатите осомничени во истрагата: Никола Груевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Папата има едно белодробно крило и му недостасува да оди во пицерија

saso user

Села: Да продолжи патот кон НАТО и ЕУ

saso user

Извадок на дел од дневни настани на МВР за дена 15.06.2019 година

saso user