Број на текстови објавени денес: 98
Балкан

Харадинај: Промена на границата го отвора албанското прашање во регионот

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача денеска дека евентуалното отворање на преговори за размена на територии меѓу Косово и Србија воедно ќе го отвори албанското прашање на Балканот, но оти е подобро тоа да не се прави, јави дописникот на МИА од Приштина.
На академијата во спомен на 20-годишнината од битката во Жеговац и педесеттемина загинати борци на бригадата „Кадри Зека“ на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Харадинај нагласи дека на косовско – српските преговори што се водат во Брисел со посредство на Европската унија „не смее да се прифати да се разговара за границите на Косово“.

– Нема да прифатиме да ни се негира правото на држава. Нема како да се формира Косово на маса, погрешни се изјавите на европските челници дека може да се преговара за косовската територија. Ако се подготвени да го отворат тоа прашање – ајде да го отвориме! Не смее да се прифати да се зборува за границите на Косово на ниедна маса, порача Харадинај.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дачиќ: Ви честитам, имавте спор со Скопје за името, не за територија што е многу полесно

saso user

Младиот албански министер до Дачиќ: Имам 28 години и поради вас цел живот сум бегалец

saso user

Хорор во Србија: Син ѕверски ја убил мајка си (ФОТО)

saso user