Број на текстови објавени денес: 96
Македонија

Фудбалери на ФК Братство на гости нападнале фудбалер на ФК Волково

На фудбалскиот стадион на ФК Волково во село Волково, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство од Коњари, лицата Е.Ќ.(51), И.Ќ.(48), Ќ.Ф.(33), А.Ќ.(20) и Б.А.(30), сите од скопското село Коњари, фудбалери на ФК Братство, го нарушиле јавниот ред и мир, било пријавено вчера во СВР-Скопје.

Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В.(26) од с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници. Лицата биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци..

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ДОСТА МЕДИУМСКИ ГЛУПОСТИ, ОВА Е ВИСТИНАТА ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ …(ОБНОВЕНО)

ohrid_user

Владата го стокми законот за попис

saso user

Набавена опрема за фудбалските клубови во општина Дебрца

saso user