Број на текстови објавени денес: 102
Македонија Топ вести

Сведок од МВР: Црни вреќи со хартија и регистри се палеа во „Брест“

Црни вреќи полни со хартија и регистри од третата зграда во МВР биле запалени на локацијата „Брест“ која се наоѓа на аеродромот „Скопје“ во воениот дел. Ова денеска на рочиштето за „Тврдина 2“ на СЈО го истакна сведокот Мирче Мицевски, вработен во МВР, кој по наредба на неговиот претпоставен Никола Бошковски, со уште еден колега наполнил цело комбе рено трафик со материјали од подрумот на оперативна техника во МВР.

– Во базата Брест не пречека Ванчо Цветановски кој веќе имаше обезбедено место за палење, оградено со камења, а имаше и ПП апарати – рече Мицевски и додаде дека со нив биле и три жени од „Комисијата“: Александра, Маја и Вале. На прашање на бранителот на Грујоски, адвокатот Петар Василевски, сведокот рече дека не знае што е содржината на тоа што е запалено, но дека е сигурен дека биле хартија и регистри.

Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК.

На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзани со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ГЕОРГИЕСКИ БРИЛЈАНТНО ГО ПРЕГАЗИ МИЛОШЕВСКИ НА ДЕБАТА НА ТВ 24

saso user

Ѓорчев смета дека Иванов постапува според Уставот кога не ги потпишува законите со Северна Македонија

saso user

Силувана девојка во Велес

saso user