Број на текстови објавени денес: 111
Спорт

Роналдињо не го отпишува Јунајтед против Барса

Легендарниот фудбалер на Барселона, Роналдињо, даде свое видување во пресрет на четвртфиналниот реванш-дуел во Лигата на шампионите помеѓу неговиот поранешен тим и Манчестер Јунајтед.

Бразилскиот волшебник смета дека првиот гол на средбата ќе биде од исклучително значење, а ако тој биде одбележан од англискиот тим, тогаш домаќините ќе бидат разнишани.

Првиот меч на „Олд Трафорд“ заврши со минимален успех за Каталонците со 1:0. Барса сепак е во монструозна форма, што се однесува до дуелите на домашен терен во Европа, откако нема пораз во 30 последователни натпревари.

– Вистината е дека Барселона мораше да го заврши натпреварот уште во Манчестер, бидејќи победа со 1:0 остава шанси на Манчестер Јунајтед за реваншот, изјави Роналдињо.

Сепак неговите очекувања се дека Барселона ќе продолжи напред.

-Мислам дека се чувствуваат удобно кога се домаќини, ако го постигна првиот гол на натпреварот. Но ако Јунајтед даде прв, никој незнае што може да се случи, додаде Бразилецот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Четири земји ја сакаат организацијата на женскиот Евробаскет 2021

saso user

Мурињо подготвен да го преземе Њукасл

saso user

Брестовац: Очекувам победа со висока разлика против Војводина

saso user