Број на текстови објавени денес: 0
Македонија

Променливо облачно, со студени утра

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од девет до 19 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во опаѓање. За време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тинејџер со велосипед тешко повреден на патот Куманово-Табановце

saso user

ЈО: Пет лица под истрага за 27 април, еден од осомничените донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието

saso user

Откако беше прободен со нож, полицискиот службеник Филиповски стабилен на КАРИЛ

saso user