Број на текстови објавени денес: 96
Свет

Поранешен албански командос уапсен за тероризам

Поранешен припадник на албанската специјална армиска единица „командоси“, кој служел во Ирак и Авганистан во 2011 година, денеска е уапсен од страна на Антитерористичката канцеларија на Државната полиција.

Станува збор за Ерзен Ука (29) кој е уапсен под обвинение за радикални тенденции и поттикнување омраза со цел извршување терористички дејства. Исто така тој е обвинет и за обука на деца за извршување терористички акти.

Ука се смета за лице со висок ризик. Полицијата соопшти дека е под надзор од 2017 година.

Тој е родум од градот Круја, живеел во Тирана, разведен. По разводот, старателството на двете деца го добила поранешната сопруга, но судската одлука не била спроведена. Претходно одговарал за семејно наслство и непочитување на судска одлука.

На неговиот профил на Фејсбук објавувал и споделувал видео записи и фотографии кои промовираат и пропагираат терористички прекршоци.

При контрола на неговиот стан, полицијата пронашла и запленила и боева муниција.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ФСБ: Тероризмот сѐ уште е закана, ќелиите се преселуваат во Европа

saso user

Помпео: САД ќе ги повлече визите за персоналот на МКС

saso user

Климов: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

saso user