Број на текстови објавени денес: 111
Македонија

Пендаровски во Старо Нагоричане: Ако одиме со ова темпо, во јуни ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Старо Нагоричане, зборуваше за можностите кои ги отвораат интеграциите во НАТО и ЕУ.

– Тргнаа работите. Ако одиме со ова темпо, во јуни  ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, со што се отвораат можностите, ќе можеме да повлекуваме пари од фондовите во висина од стотици милиони евра. Тоа значи пари и за развој на овој крај. Само така може земјоделството да го забрза развојот и младите да ги задржиме тука. Вашиот глас одлучува. Гласот за мене е глас за инвестиции, да влезат повеќе пари во државата, да има добра работа и поголеми плати. Затоа на 21 април и на 5 мај, дајте ја поддршката за напредокот, не само за мене туку и на оваа опција која води кон ЕУ и НАТО“, рече Пендаровски.

Другата опција, посочи, не нуди ништо освен враќање назад и блокади.

– Гласот за Сиљановска е глас за враќање назад. Да не дозволиме тоа да се случи, да не дозволиме парите да одат кај фамилијата наместо кај граѓаните, додаде тој.

Затоа повика Пендаровски, масовно да се излезе на избори, да се избере опцијата која нуди евrопски перспективи и развој, која нуди цврсто газење по патот кон ЕУ и НАТО кон сигуна иднина.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Девет претенденти за нови градоначалници на Охрид, Дебар и на Ново Село

saso user

МАНУ ќе го менува само долгото име

saso user

Мобилни тимови ќе ги мапираат децата питачи, на полнолетните ќе им бараат работа

saso user