Број на текстови објавени денес: 96
Македонија Топ вести

Пендаровски во Куманово и во Крива Паланка, а Силјановска-Давкова во Валандово и Гевгелија

Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.

На 15-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Валандово и во Гевгелија, а нејзиниот ривал од СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски, ќе биде на митинг во Куманово.

Силјановска-Давкова од 18.30 е во Валандово, а во 20.30 во Гевгелија.

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на денешниот ден  ќе биде на средби со граѓаните во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Куманово.
Пендаровски во 15.00 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Старо Нагоричане, каде во централното подрачје на Старо Нагоричане ќе има обраќање пред граѓаните, а во 16.30 часот се сретне со граѓаните на Ранковце.
Во 17.50 часот, Пендаровски ќе има учествува на граѓанска трибина на градскиот плоштад во Крива Паланка.
Во 20.10 часот, на градскиот плоштад во Куманово, ќе се одржи централниот  граѓански митинг, каде ќе се обратат Пендаровски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Георгиески: Охрид ќе го направиме посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација

saso user

Вучиќ во домот на Шаулиќ изрази сочувство за смртта на пејачот (ВИДЕО)

saso user

Спасовски од Неготино: Гласот за Стево е глас за продолжување на реформите, продолжување напред кон ЕУ и НАТО

saso user