Број на текстови објавени денес: 0
Балкан

Нема бомба во Белград, станувало збор за лажна дојава

Еден припадник на обезбедување во трговски центар, кој се наоѓа во центарот на Белград, утрово јавил во полиција дека се сомнева оти на паркингот се наоѓа бомба.

Веднаш на местото била испратена специјална единица за деактивирање експлозивни направи.

По извршената проверка во подземниот паркинг на трговскиот центар, српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека не е пронајдена никаква експлозивна направа и станува збор за лажна дојава.

Според локалните медиуми, припадникот на обезбедувањето пријавил дека слушнал чудни отчукувања под еден од паркираните автомобили.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вучиќ: Освен што еднаш опцув во брада, за ништо друго не можат да ме фатат

saso user

Косовската опозиција ја напушти собраниската седница, бара оставка од Весели

saso user

Од утре наплата на патарина низ Грделичка клисура во Србија

saso user