Број на текстови објавени денес: 2
Свет

Меј: Британската Влада продолжува со плановите за Брегзит без договор

Британската премиерка Тереза Меј во интерно известување го информирала персоналот на нејзиниот Кабинет дека Владата ќе продолжи со планот за Брегзит без договор, соопшти денеска портпарол на Даунинг Стрит 10.

Ваквата изјава на портпаролот на Меј се оценува како обид за притисок врз членовите на Долниот дом на британскиот Парламент за усвојување на Договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, што Владата во Лондон и ЕУ го постигнаа лани во ноември. Долниот дом во Вестминстер досега во три наврати го отфрли Договорот, но мнозинството пратеници сепак се против Брегзит без регулирани идни односи меѓу Велика Британија и ЕУ.

Портпаролот нагласи и дека Меј на планира распишување предвремени избори, со цел да се обезбеди нов распоред на силите во Долниот дом, со што би овозможила усвојување на Договорот за Брегзит.

Лидерите на ЕУ минатата недела одобрија одлагање на Брегзит до 31 октомври, со цел да и се остави простор на Владата во Лондон за усвојување на постигнатиот договор од страна на Парламентот. Првично, Брегзит беше предвиден за 29 март.

Претходно денеска, шефот на британската дипломатија Џереми Хант на средба со јапонскиот премиер Шинѕо Абе во Токио изјави дека Владата во Лондон е решена да избегне истапување на Велика Британија од ЕУ без договор.

ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Млад Турчин дивеел на српски аеродром, со монитор гаѓал жена на шалтер

saso user

Најмалку осуммина загинати во силниот земјотрес на Филипини

saso user

Поради штрајк откажани над 300 летови на „Алиталија“

saso user