Број на текстови објавени денес: 100
Град

Кружната крстосница кај Болницата и приодните улици утре ќе бидат целосно затворени за сообраќај

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид особено учесниците во сообраќајот, дека на ден 16.04.2019 година (вторник) во временски период од 07:00 до 17:00 часот, поради привршување на градежните активности кои се во тек, кружната крстосница Болница и дел од приодните улици ќе бидат целосно затворени за сообраќај и тоа:

  • Улицата Питу Гули од крстосницата ул. Питу Гули со ул. Марко Нестороски до кружна крстосница Болница;
  • Ул. Јане Сандански од крстосница помеѓу ул. Јане Сандански и ул. Карпош Војвода до кружна крстосница;
  • Ул. Даме Груев од крстосница помеѓу ул. Даме Груев со ул. Карпош Војовда до кружна крстосница;
  • Ул. Марко Цепенков од крстосница помеѓу ул. Марко Цепенков и ул. Вангел Николоски до кружна крстосница и
  • Ул. Сирма Војвода од крстосница помеѓу ул. Сирма Војвода со ул. 8-ми Септември до кружна крстосница.

Се молат сите учесници во сообраќајот да ја избегнуваат погоренаведената улична мрежа со цел навремено завршување на градежните активности на кружната крстосница.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

(ВИДЕО) Др.Константин Георгиевски, човекот кој чесно, посветено, со упорност, оди до целта

saso user

СПОРТСКИ ДЕН ВО САЛАТА „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“

saso user

НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛ. „7-ми НОЕМВРИ“

saso user