Број на текстови објавени денес: 0
Здравје

Колку траат одредени производи во фрижидерот? Зелената салата три дена, јајцата три недели…

Ви донесуваме листа на најчесто користените производи во кујната:

– Праските во фрижидерот може да стојат три до пет дена, грозјето и до седум
дена, боровинките една до две недели, а јаболките и три недели. Помекото
овошје (малините и јагодите) искористете ги за два до три дена.

– Зеленчукот кој бара влага, како што е зелената салата, во фрижидерот може да
трае три до четири дена. Кељот, брокулата, спанаќот и слично може да траат три
до пет дена, доматите до седум дена, целерот една до две недели, морковите две
до три недели.

– Свежата риба, свежите колбаси и пилешкото најдобро е да се потрошат за два
дена. Говедското, телешкото и свинското месо можат да траат и ден подолго.
Свежото мелено месо не би смеело да стои подолго од 24 часа.

– Супата и варивата добро затворени, можете да ги чувате во фрижидерот до три
дена. Вареното, печеното или похуваното месо, ако е херметички затворено, може
да се чува во фрижидерот два до три дена;

– Јајцата може да стојат три до пет недели. Ако имате јајце за кое не сте сигурни
колку стои и дали е во ред, ставете го во чаша со ладна вода. Свежото јајце ќе
потоне на дното, она старото ќе плута на површината на чашата.

– Долготрајното (пастеризирано) млеко, отворено може да стои во фрижидерот
околу три дена. Тврдите сирења ќе траат една до две недели, со тоа што треба да
внимавате да се во хартија или во затворена кутија.

– Отворените парчиња сувомесни производи можат да стојат три до пет дена,
додека сувите колбаси можат и до еден месец. Школките потрошете ги во рок од
неколку часа, свежата риба за ден-два, додека печената или варената можете да
ја чувате до два дена.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ревматскиот артритис почесто се јавува кај електричарите и медицинските сестри

saso user

Кој вели дека здравото мора секогаш да е и скапо?

saso user

Колку пошарено, толку подобро

saso user