Број на текстови објавени денес: 98
Спорт

КК Работнички по 10-ти пат го освои кошаркарскиот куп на Македонија

Кога успехот е јубилеен и кога доаѓа од нашиот најтрофеен колектив, тогаш истиот вреди да се потенцира. КК Работнички е по 10-ти пат освојувачот на кошаркарскиот куп на Македонија и единствен кошаркарски колектив со двоцифрена бројка на трофеи во витрините.

Основан далечната 1946 година во Скопје, тоа е најстар кошаркарски клуб во нашата земја. Во 1964 година Работнички станува дел од Федералната Кошаркарска А Лига во поранешната Федеративна Југославија и беше редовен член до 1990 година. Иако никогаш не беше шампион во Југословенската Федератива Лига, Работнички беше значаен дел од неа и играше важна улога во сите првенства низ годините. Два пати беше финалист во кошаркарскиот куп на Југославија во 1976 и 1983 година. По осамостојувањето на Република Македонија и излегувањето од федеративната кошаркарска лига, Работнички како натпреварувач во новата Македонска Прва Лига е најуспешен кошаркарски колектив со рекордни 15 лига трофеи и 10 освоени купови.

Од самото основање на КК Работнички па до ден денес, во тој клуб се родија и создадоа безброј кошаркари кои дадоа огромен придонес во развојот на кошарката како на ниво на Југославија така и по осамостојувањето во независна Република Македонија. Галф Македонија е компанија која ги препознава шампионите и успешните спортски колективи во сите спортови, а воедно и е нивен верен партнер и подржувач. Во нашата земја тоа се без сомнение најуспешните и најтрофените два спортски колектива ракометниот клуб Вардар и КК Работнички, а на глобално ниво

Галф е долгогодишен партнер на Aprilia тимот во Moto GP шампионатот и англискиот фудбалски великан, најтрофејниот англиски фудбалски клуб, глобалниот фудбалски и спортски бренд Манчестер Јунајтед. Галф Македонија и понатаму ќе продолжат да ги препознаваат успешните спортски приказни и колективи ширум светот, вклучително и во нашата земја и со гордост ќе продолжат да бидат нивен верен партнер и поддржувач.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Реал Мадрид брка антирекорд

saso user

Солари: Реал имаше многу шанси да постигне гол и да стигне до финалето

saso user

Федерер избори финале во Дубаи

saso user