Број на текстови објавени денес: 0
Македонија Топ вести

ГЕОРГИЕСКИ БРИЛЈАНТНО ГО ПРЕГАЗИ МИЛОШЕВСКИ НА ДЕБАТА НА ТВ 24

Денес на Тв 24 соочување имаа кандидатите за градоначалник на Охрид, Стефче Стевоски, Митре Милошевски, Михаил Трендафилов -Нанче и Константин Георгиески.

Самата дебата започна сосема нервозно од страна на Стевоски и Митре Милошевски, а од друга страна Константин Георгиески смирено, сталожено и концизно одговараше на поставените прашања:

_ „Господине Милошевски, нешто Ви кажаа, ама не ви докажале. Листата е изгласана од страна на Општина Охрид. МЈП Проаква кога пред нецели две години дојде ДСМ на власт ја најдовме со 5 неисплатени плати и 30.000.000 долг. Сега за прв пат во Проаква се исплатени К-15, и данок на добивка.Состојбата во јавните претпријатија е подобрена ….“ , ќе му истакне во својата реплика Георгиески на Митре Милошески.

-Кандидатот на партијата Демократи Стевче Стевоски, ќе искаже: „Честитки заслужува храброста на вршителот на должност Константин Горгиески, што смогна храброст и за прв пат некој градоначланик поништи две решенија за градба на Урбаната Мафија, но Стевоски посочи дека долги години наназад општинската администрација правела тешки кривични дела -Злоупотреба на службена положба и овластувања, како и Послужување во службата. На ова реплицираше Константин Георгиески, кој истакна: Сите доверители имаат извршни судски пресуди, кој јас сум должен да ги почитувам. Доколку имало злоупотреби, во државата има Јавни Обвинителства и Полиција која е должна да постапува, мое е доколку согледам неправилност да поднесам пријава и тоа го правам, а останато е на институциите на системот, кој се задолжени за гонење на криминал.

-Митре Милошевски, ќе истакне дека има програма на реконструкција на сите улици во Охрид, на сите школи  и изградба на нови школи!!, изградба на пешачки патеки, градинки итн. Во овој дел Милошевски навлегува и во државни ингеренции на што го потсети и водителката на ТВ 24.

-Георгиески, истакна дека во тек се многу проекти, се реконструира моментално главната сообраќајна артерија во Охрид, „Булевар Туристичка“, други инфраструктурни објекти се, сообраќајната инфраструктури во Охрид. Очигледно дека колегата Милошевски не е информиран. За реконструкција на Охридскиот Кеј веќе сме во завршна фаза и за одобрение за овој проект, стигнавме за 1 година. Чекаме грант од Светска Банка. „Абас Емин“ улицата со обезбедени 600000 евра од Светска Банка  и остатокот се пари обезбедени од Општината Охрид. Исто така „Крушевска Република“ е во завршна фаза, така да не сте во тек му реплицираше Георгиески на Митре Милошески.

  • Во услови после децении дојдовме до решавање на Колекторскиот Систем и се формира ново претпријатие Колекторски Систем со 200.000.000 денари, кој треба да се инвестираат во ревитализација на колекторксиот систем, не може Милошевски да говори за нерешавањее на проблемот., ЈП Колекторски системи ќе започне со работа после изборите согласно законската регулатива.

Вториот дел на дебатата, слична на првиот дел.Иселувањето на Охрид е континуирано истакна Милошевски и нема податоци колку жители има Охрид. Не смееме да направиме град на привилегирани граѓани, почнувајќи од општинската администрација. Не е стално проблемот во мали плати, во економијата,туку во неажурноста на администрацијата, ќе воведам електорнски систем кој прв дојден тој прв послужен и тоа ќе биде мој приоритет.

-Георгисеки истакна дека Охрид има 45000 жители, град во кој има проблеми во администрацијата. Има бизнисмени и поединци кои доаѓаат со проекти, админситрацијата е гломазна, но е функционална. Генерална перцепција дека администрацијата не работи, но никој не се запрашал зошто администрацијата години наназад никој не вложувал во нивна до едукација, нивна награда, покачување на плати, ако се знае фактот дека некој треба да им даде и награда, а ако треба и казна.Ние не можеме 12000 предмети за легализација, да ги решиме како Општина сите во 2018 година, тоа е апсурд и илузија. Зошто не се вложувало во обука, едукација на администрацијата ?!Ако имаат задачи администрацијата си сработува, друго е колку тие се мотивирани.

  • Стевоски обвини дека во администрацијата се вработуваат по партиски клуч на необразовани кадри. На ова се надоврза Митре Милошевски кој истакна дека имал програма-студија во 3 точки, каде ќе биле вклучени експерти, формирање на локален економски совет и силна стратегија на туристичи совет.

Георгиески одогвори, дека општината има стручни и чесни кадри кој одлично си ја познаваат работата. Има луѓе каде ќе се искористат во други сектори. Имаме простапни фондови и тие лица ќе бидат таму пренасочени. Испекторатот во Општина Охрид е еден од секторите кој не функционира.На 25-12 станав В.Д. Градоначалник, а на 26 распишав оглас за вработување, на кое се јави само еден кандидат. Како ќе се бориме ние со урбаната мафија со еден испектор?! Тука ќе делувам веднаш по изборите. Исто така секоторот за урбанизам е детектиран како проблематичен.Последниот ДУП е донесен во 2005 година и немаме негова измена, нешто што не е логично и веднаш после избори ќе биде променат, застанато е само заради изброниот процес согласно Член 8А од Закон за Избори, ќе истакне Георгиески.

Охридскај

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пожар во Крушево, интервенираат авиони на ДЗС

saso user

Македонски шеф без проблем готви месо од крокодил и зебра, но има трема за гравче тавче

saso user

(Фото-Видео)И, денес активно се гради минарето на АлиПашина Џамија во Охрид, законите за ИВЗ не важат?!

saso user