Број на текстови објавени денес: 98
Бизнис

Во Фондот за иновации вратени 40.000 евра од реализираните проекти

Компаниите кои од 2015 до 2018 година ги реализирле проектите финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој вратиле четири отсто од инвестираното. Во овој период преку ФИТЕР се инвестирани еден милион евра што значи во буџетот на ФИТЕР се вратени 40.000 евра.

– Од 35 компании кои го завршија проектот, две третини од нив остваруваат приходи и почнаа да ги враќаат парите. Овие пари не се значителни, но станува збор за четири отсто од инвестираното од еден милион евра – појасни директорот на ФИТЕР Јован Деспотовски.

Овие пари, како што рече, ќе се враќаат повторно во економијата.

Анализата на Фондот, додаде тој, покажува дека компаниите кои биле кофинансирани во реализацијата на нивните проекти го зголемиле приходот за 50 отсто, и забележале раст на добивката од 60 отсто.

– Тоа укажува на фактот дека компаниите стануваат успешни – рече Деспотовски.

Тој денеска во Стопанската комора пред средни и мали компании го презентираше вториот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

За вториот оглас, информира тој, има голем интерес кај компаниите.

– До сега за овој повик се регистрирани 811 фирми што говори дека имаме поголема бројност, но и повисок квалитет на проектите. Има барање од компаниите за проширување на повикот што е добро, бидејќи на тој начин компаниите ќе извршат притисок кон владата да ги реализира планираните 12,5 милиони евра, но и да го зголеми износот по потреба – појасни Деспотовски.

Тој најави дека од годинава и Светска банка станува партнер во финансирањето на проектите под истите критериуми како и Владата.

– Од вкупниот фонд од пет милиони евра наменет за вториот повик учеството на Светска банка е два милиона евра. Остатокот од три милиони евра ги обезбедува Владата – појасни Деспотовски.

Денешната презентација на вториот повик за инструментот кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации е во рамки на активноста за запознавање на компаниите членки на коморите за инструментот.

Татјана Штерјова од Комората изјави дека Стопанската комора ги поддржува ваквите активности со цел да се зголеми иновативноста на компаниите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поради Брегзит, Лондонската берза најави дека ќе отпушти 250 работници

saso user

Како до квалитетна работна сила, форум во Тетово

saso user

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

saso user