Број на текстови објавени денес: 0
Спорт

Хет-трик за кошаркарките на Вардар во македонскиот куп

Женскиот кошаркарски клуб Вардар трета година во низа го освои престижниот трофеј во државниот Куп откако попладнево во финалниот натпревар од овогодишното издание ги совлада противничките од Бадел 1862 со 50:40.

„Црвено-црните“ до победата стигнаа со подбра игра во второто полувреме.

За најкорисен играч (МВП) и најдобар стрелец на натпреварот беше прогласена Славица Наков од ЖКК Вардар. Таа финалето го заврши со 23 поени.

Во поразениот тим најефикасна беше Сандра Лазареска со 10 поени.

Фото: МКФ

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ѓоковиќ е прв финалист на турнирот во Мадрид

saso user

Атлетска женска Трка ќе го пренасочи сообраќајот утре во Скопје од 09.30 до 11.00 часот

saso user

Kириос влезе во конфликт со гледач на трибините во Мајами ВИДЕО

saso user