Број на текстови објавени денес: 102
Сцена

Анџелина и Бред конечно и официјално се разведоа, шесте деца ѝ припаднаа на мајката

По повеќе од две и пол години откако Анџелина Џоли (43) поднесе барање за развод од Бред Пит (55), некогаш најпопуларната брачна двојка официјално се разведе, пишуваат американските медиуми.

По долгата постапка, во текот на која двајцата се бореа за старателството врз нивните шест деца, официјален старател е Анџелина, но Бред добил детален план за поминувањето на времето со децата, кој го утврдил судот.

Втора важна ставка во нивниот развод била поделбата на имотот, но деталите од договорот сè уште не ѝ се познати на јавноста.

Анџелина и Бред се запознаа во 2005 година, на снимањето на заедничкиот филм „Господин и госпоѓа Смит“. Во тоа време, Пит беше во петгодишен брак со актерката Џенифер Анистон, од која по неколку месеци и се разведе поради Џоли.

Анџелина и Бред во 2006 година објавија дека наскоро ќе го добијат своето прво биолошко дете, а осум години подоцна, во 2014 година одлучија да се венчаат.

По многуте гласини, љубовта и официјално „пукна“ во 2016 година, со многу скандали, препукувања по медиумите и изнесувања на валканата долна облека од долгогодишниот заеднички живот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јована Јоксимовиќ за „инает“ се појави во проѕирна блуза во утринската програма ФОТО

saso user

Мајкл Б. Џордан ќе го глуми Метузалем

saso user

Тејлор Свифт со 113.000 долари за заштита на ЛГБТ правата

saso user