Балкан

Српски воен врв: Нема да дозволиме никакви обиди за државен удар

Српската војска нема да дозволи никакви обиди за државен удар и предупреди дека секој кој ова го најавува и го бара треба да одговара според законот, соопштено е денеска по заедничката седница на колегиумот на министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот на српската Армија, Милан Мојсиловиќ.

– Српската војска им порачува на сите, и во земјата и во странство, дека не е и нема да биде средство за соборување на легалните и легитимните власти во Република Србија и насилното уривање на уставниот поредок, се наведува во соопштенеито.

Како што се истакнува, безбедносните предизвици предизвикани од воведувањето такси и формирањето на паравоени единици во Косово, наметнуваат српските вооружени сили со внимание да го следат секој настан кој може да предизвика немир меѓу косовските Срби.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Србија утре се отвораат градинките, во Грција сите продавници, а Акропол на 18 мај

saso user

Поскапуваат визите за краток престој во ЕУ

saso user

Повторно Македонците не можат да влезат во Црна Гора

saso user