Македонија Топ вести

Димитров: Во Берлин нудиме аргументи зошто е важна германската поддршка за нашето европско патување

За постигнатиот успех во односите со соседите, пред се преку договорите со Грција и Бугарија, но и за реформските резултати и очекувањата на земјата во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година брифираше шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска на средбата со пратеничката група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот.

– Северна Македонија годинава претставува случај на надеж и охрабрување за регионот и Европа. Поткрепени од постигнатото денеска во Берлин нудиме аргументи за тоа зошто е важно нашите германски пријатели да не поддржат во отворањето на наредната врата од нашето европско патување. Направивме доста, но не чека уште многу работа за да стигнеме до посакуваната цел  – нова европска реалност, преку темелна реформа и фундаментална трансформација на општеството и државата. Јасното препознавање на нашите напори ќе значи консолидација на постигнатото и дополнителен поттик на овој пат, како за Северна Македонија така и за европската иднина на целиот регион – истакна шефот на дипломатијата.

Пратеникот Јурген Харт, портпарол на ЦДУ/ЦСУ за надворешна политика и член на работната група, кој го водеше состанокот истакна дека по храбриот чекор во надминување на деценискиот спор со Грција, Северна Македонија ја има нивната целосна поддршка за членството во НАТО и приближувањето кон ЕУ.

Во рамки на денешните средби во Бундестагот, министерот Димитров се сретна и со лидерот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Ралф Бринкхаус, со кој разговараа за актуелностите во процесот на нашата европска интеграција и подрршката и позициите на ЦДИ/ЦСУ во тој контекст, како и за други теми од регионален карактер.

Денешната посета продолжува со средби со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Директорката на Детската клиника, д-р Ставриќ, поднесе оставка

saso user

Внимателно на регионалниот пат Неготино-Демир Капија

saso user

Ќе си оди ли Реџепи од ИВЗ ?

saso user